12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коцијанчич: Одговорните институции на Косово треба да се придржуваат до владеење на правото

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, потврди дека европските институции внимателно ги следат актуелните настани на Косово и дека има постојан контакт со различни претставници на сите инситуции на Косово.

Таа денеска ги повика сите одговорни институции на Косово „во целост да се придржуваат до владеењето на правото”.

„Очекуваме надлежните органи во Косово да сторат сé што е во нивна моќ за да ги изведат сторителите на овој криминал пред лицето на правдата, без одлагање”, рече Коцијанчич.

Косовската полиција претходно утрово уапси четвори лица во Северна Митровица, кои, според нив се поврзани со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ, што предизвика бурните реакции кај локалните Срби и официјален Белград.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија Слобода, демократија, правда, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.

Спонзорирано: