8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Корпички од моркови

Комбинацијата од многу различни состојки дава неверојатен вкус!

 

 

Состојки:

  • 150 гр моркови
  • 3 јајца
  • прстофат сол
  • 150 гр омекнат путер
  • 150 гр шеќер
  • кора и сок од 1/2 непрскан портокал
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 40 гр мелени бадеми
  • 40 гр мелени ореви
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • прстофат каранфилче во прав
  • 3 прстофата ѓумбир во прав

Состојки за капи:

  • 2 белки
  • 100 гр шеќер

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Морковите изрендајте ги. Одвојте ги белките од жолчките, додајте сол и разматете ги во цврст снег. Посебно пенасто разматете путер и шеќер, жолчки, кора од портокал и сок. На крај измешајте брашно, прашок за печиво, ореви и бадеми, аромати и моркови. Лесно додајте го и снегот од белки.

На плех за мафини ставете хартиени корпички, наполнете ги со тесто, ставете ги во рерна и печете ги околу 30 минути.

Разматете белки со шеќерен сируп за да добиете снег. Премачкајте ги корпичките и посипете со цимет.