15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Арсовски: СДСМ да каже кои 650 работници ќе бидат избркани од „Југохром“

СДСМ и Кочо Анѓушев сѐ уште не кажаа кои се тие 650 од 1.200 работници во „Југохром“ кои нема да одат на работа кога ќе се рестартира комбинатот, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Веќе една и пол година СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“, кои се надеваат дека ќе почнат со работа. Одговорот на Анѓушев, Заев и СДСМ е дека од 1.200, само 550 ќе почнат да работат, и тоа дури напролет. За преостанатите 650 работници од ‘Југохром’ никому од Владата на СДСМ не му е гајле што ќе се случува и дали ќе имаат пари да преживеат. Всушност, и онака една и пол година ги оставија на питачки стап, да се снаоѓаат и да преживуваат како знаат. Но, она што е позагрижувачко е дека никој од Владата не одговори дали зад нерестартирањето на ‘Југохром’ се кријат нечии бизнис-апетити и дали можеби некој заткулисно се пазари? Граѓаните и вработените сè уште чекаат одговор на ова прашање“, истакна Арсовски.

Портпаролот потсети дека ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека помеѓу снабдувачите со струја на „Југохром“ додека работеше, беше ЕДС, компанијата што била во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Оттука опозицијата го прашува Анѓушев дали е точно дека кога тој бил вицепремиер и сопственик на ЕДС, му продавал струја на „Југохром“.

Спонзорирано: