19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ВКУСОТ НА МЕДИТЕРАНОТ: Италијански леб со маслинки

Донесете го духот на медитеранот во својот дом, направете традиционален италијански леб со маслинки и послужете го со вино и сирење.

Состојки:

350 гр брашно; 1/2 лажичка сол; 1/2 свеж квасец; 150 мл вода; 25 мл сок од лимон (од половина лимон); 3 лажици маслиново масло; 10-15 зелени маслинки

Начин на подготовка:

Во сад ставете брашно и сол. Квасецот разматете го со 3 лажички вода, налијте вода до 160 мл, додајте сок од лимон и масло. Ставете во брашното и заместе глатко тесто.

Оставете да се удвои па премесете и растегнете го на површината на плехот.

Малслинките пресечете ги на половина. Со тапата страна на ножот направете вдлабнатини на тестото па ставете ги маслинките. Од горе посипете со крупна сол, па испечете.

Потребното време за печење е околу 20 минути на максимална температура со вклучен вентилатор.

Спонзорирано: