15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Сугарески: Гасоводот на Водно ќе се гради, имаме национален консензус за гасификацијата

На гасоводот на Водно се работи во моментов и засилено ќе се работи следната година, рече денес министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој тврди дека ги надминале проблемите со екологистите со тоа што ја стесниле трасата на гасоводот и најавиле пошумување. За гасификацијата Сугарески вели дека има и национален консензус и изградбата мора да продолжи.

„Сите сте сведоци дека имавме преговори со екологистите, и во голема мера не само на преговорите во Град Скопје и во Министерството за животна средина, ние ги дадовме сите аргументи и постапивме по она што го дадовме во делот на стеснување на трасата, а јас и сега сум на тврдење дека се она што ќе значи пошумување, ќе биде направено таму. Меѓутоа да не заборавиме, гасификацијата е еден од најстратешките проекти и во делот на ефектите за животна средина кои што требаше да се направат, не само заради тоа што е владино ветување, туку генерално државата се определила. По ова прашање има национален консензус од сите политички партии. Ние сме на мислење дека тој процес мора да продолжи и ќе продолжи“ рече министерот Сугарески.

Истовременото со градежните работи на Водно, министерот Сугарески објасни дека се работи и на гасоводот кај Неготино како и на кракот Кавадарци, Прилеп, Битола. За изградба на гасоводот за следната година Министерството за транспорт предвиде 1,5 милијарда денари.

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, пак, денес од градоначалникот на Скопје побара итно да се донесе специјален закон за заштита на Водно. Од иницијативата и понатаму стојат на ставот дека гасоводот не треба да минува низ Водно.

Спонзорирано: