ПОСЛУЖЕТЕ СО ПЛЕСКАВИЦИ: Рижото со шампињони (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Одлично оди со јадења од месо, на пример ова рижото е идеално со плескавици…

Состојки:

1 главица кромид
1/2 тиквици
2 моркови
200 гр шампињони
1 зелена пиперка
магдонос
100 гр ориз
сув зачин
бибер
оригано
масло
Начин на подготовка:

Тиквиците и морковите исечете ги на коцки, а шампињоните на листови.

Кромидот иситнете го па пропржете го на масло, додајте исечкана пиперка. Пропржете ги морковите и шампињоните, па додајте тиквици и динстајте, потоа додајте измиен ориз.

Додајте зачин, бибер и оригано и налијте со вода. Сè гответе на тивок оган додека водата не испари. На крај додајте листови магдонос.