23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димитров за обвинувањата од Вучиќ: Ние немаме интерес да ги влошуваме односите

Случајот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски покажува колку е важна регионалната соработка, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој не даде прецизен коментар за обвинувањата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека македонските власти се виновни за бегството на Груевски.

„Имаше коментар од Вучиќ и во однос на кривичното дело за кое е осуден Груевски, нешто што не се коментира ниту за домашни пресуди, а уште помалку за странски пресуди. Случајот покажува колку е важна регионалната соработка, покажува колку кога една земја се соочува со предизвици и сите земји од регионот се соочуваат со предизвик, тоа мислам дека е лекцијата од овој случај. Ние немаме интерес да влошуваме односи, напротив. Факт е дека живееме во време на предизвици, важно е да се фокусираме на ова, а не да добиваме поени со изјави од овој тип“, одговори Димитров на новинарско прашање дали обвинувањата на Вучиќ дека Македонија е виновна за бегството значи дека нема регионална соработка и дали ова може да ги наруши досегашните односи меѓу земјите во регионот.

Димитров рече дека парадоксално е Груевски да најде заштита во земја членка на Унијата.

„Парадоксално е човек кој е осуден и кој се соочува со други обвиненија и истраги да најде заштита во членка на ЕУ. Ова е проблем на Македонија, но и на Европската Унија и се доведува во кредибилитетот на владеење на правото во Унијата“. рече тој.

Министерот информира дека вршителот на должност и шеф на амбасадата во Тирана имал средба во албанското МНР на која ги добил сите информации што ги имаат тамошните власти. Рече дека очекува таква средба да се одржи и во српското Министерство со тамошниот амбасадор.

„Очекуваме да има таква средба и во Белград за да имаме официјални информации на дипломатско ниво“, рече Димитров.

Спонзорирано: