9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Стоилковски: Почитувани судии од Апелација, исправете се над театарската претстава наречена притвор за Јанакиески и Божиновски

Почитувани судии од Апелациониот суд, издигнете се над состојбата во која сте на сила втурнати, земете ги предвид аргументите на одбраната при носењето на одлуката и исправете се над театарската претстава наречена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за покривање на неспособноста на оваа власт.

Судството и правдата повеќе не смеат да бидат покритие за хунтата, за нивните злодела, криминал, политички терор. Судиите повеќе не смеат да бидат дел од театарот за замајување на јавноста и прикривање и неспособноста на хунтата да се справат со реалните проблеми на граѓаните, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Република Македонија досега немала понеправедно општество, со кое владее хунта на неспособни, но и незаменливи. Апелациониот суд ја има можноста за покажување трошка пркос и волја за демократија со тоа што нема повеќе да дозволи притворот да биде замена не само за казна – туку и за затскривање на властодршците.

„Незаменливоста на Оливер Спасовски го претвори ова општество во притвор – во кој нема решени случаи за убиства, нема решени случаи за пукотници среде центарот на Скопје, нема постапки за криминал по допрен глас, нема контрола врз злоупотребите на системот за безбедност, кој. наместо со реалните предизвици, се занимава со кабинетот на претседателот на државата, со фингирање податоци во службени белешки класифицирани како строго доверливо, а кои се цитираат во јавноста и се користат во судствот.

Македонското општество, поради неспособноста на оваа власт, се претвори во т.н. реално шоу притвор, во кое секој може да биде притворен само за дефокус од реалните проблеми.
Сето тоа го турка македонскиот правосуден систем не на дното, туку во мислена именка.
Оттука, правичната одлука на апелационите судии со преиначување, а во врска со мерката притвор за Јанакиески и Божиновски, изречена по цели 18 месеци редовно почитувани претходно изречени мерки, како и редовно присуство на судските рочишта, ќе значи и блесок на правичност, блесок на самостојност, блесок на верба во македонското судство, момент на раскинување на пупката во која Заев го затвори судството. Тоа ќе значи и трошка надеж и верба во неселективноста на првото и правдината за притворените за случувањата од 27 април, чија судбина е на тезгата на политичките пазари на сметка на самостојноста на правосудството и судската доблест“, додаде тој.

Спонзорирано: