14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Сочни шницли

За ручек или вечера, подгответе сочни телешки шницли…

Состојки:

500 гр телешко месо
10 гр путер
1 лажица маслиново масли
100 гр морков
100 гр целер
100 гр кромид
150 мл бело вино
150 мл павлака за готвење
сол
бибер
Начин на подготовка:

На растопен и загреан путер и масло пропржете ги телешките шницли, кои претходно сте ги зачиниле.

Извадете ги шницлите на страна и во истото масло пропржете сечкан кромид, морков и целер. Прелијте со бело вино и гответе неколку минути.

Вратете ги шницлите, додајте павлака за готвење и гответе уште десетина минути додека сосот не згусне.

Сервирајте со тестенини.

Спонзорирано: