Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија азил на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријател на шефот на владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави“, напиша Рот на „Твитер“.
Спонзорирано: