7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Возачите преплашени: Црна убавица ги маѓепсува возачите, им влегува во автомобил и исчезнува

Стои покрај патот за тунелот Учка во Хрватска. Чека автомобили во кои има само возач. Подигнува палец… На нејзината убавина и долга црна коса никој не може да одолее. Штом седне во автомобил, младата убавица во знак на благодарност им гата на дланка на возачите. Магијата трае колку и возењето низ тунелот. Штом би дошле во Истра, убавицата би исчезнала од затворениот автомобил кој и натаму се движел.

Под тмурната планина, која поголем дел од времето е прекриена со магла, на пат околу кој се издигнуваат клисури и густа шума, таква случка никого не би оставила рамнодушен. Легендата е родена. Не се знае кај кого прв пат седнала во автомобил, но приказната за црната убавица се раширила како пожар.

Полицијата од 1988. добива повици за црната убавица

Се` започнало 1988. година. Полицијата добивала се` повеќе повици за млада жена. Биле зголемени контролите на тоа место, но никој не ја видел убавицата, освен осамените возачи во ноќта.

Некои тврдат дека се работи за девојка која избегала од психијатрија, а други дека тоа е дух на жена која загинала при изградбата на тунелот.

Спонзорирано: