12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Светот на Биби од синоќа се збогати со уште една сказна. За помалку од 16 часа сказната доби 4.000 прегледи.

Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.

За сценариото на приказната се погрижи Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.

„Пеењето на џиновите, гласот на вештерката, чистењето – била женска работа! Нема такво нешто како женска работа!“, гласи еден од коментарите по премиерата на „Биби и џиновите“.

„Целата приказна е прекрасна! Сказните со Биби се навистина многу интересни и поучни. Секоја чест и големо браво за овој прекрасен проект“, се вели во друг коментар.

Спонзорирано: