19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово не успеа да се зачлени во Интерпол

Косово не успеа да се зачлени во Интерпол. Барањето на Косово за членство во Интерпол не е усвоено ниту во вториот круг од гласањето. Во првиот круг на гласање, за членство на Косово гласаа 76 земји, 56 беа против, а 22 воздржани.

Вториот круг гласање се одржа откако Косово не успеа да обезбеди доволно гласови за прием во меѓународната организација. Србија остро реагираше дека се крши резолуцијата 1244, а поддршка дадоа Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија и Русија.

За зачленување на некоја земја во Интерпол потребно е двотретинско мнозинство гласови. Косово досега трипати поднесуваше барање за членство во Интерпол. Оваа меѓународна полициска орагнизација минатата година усвои резолуција по која земјите кои бараат прием мора да се членки на ОН или да имаат статус на набљудувач.

Спонзорирано: