19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

КНЕДЛИ СО КАЈСИИ: Омилениот десерт на малку поинаков начин (ВИДЕО)

Искористете ја сезоната на кајсии на најдобар можен начин. Овие кнедли можат да бидат десерт или цел оброк.

Состојки:

500 гр компири
15 кајсии
200 гр брашно
2 лажици гриз
100 гр презла
малку масло
1 јајце
сол
шеќер
1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:

Компирите исчистете ги и згответе ги, исцедете ја водата, добро изгмечете ги и додајте малку сол и 1 јајце. Сè убаво измиксајте со миксер да нема грутки. Додајте брашно и гриз.

Вадете по малку тесто, притиснете на дланката и ставајте цели кајсии без коски, замотајте ги во тестото и правете округли кнедли. Редете ги на побрашнет послужавник.

Ставете во тенџере вода, посолете, па кога ќе зоврие полека спуштајте една по една кнедла. Се готват околу 5-6 минути. Вадете ги со решеткаста лажица и извалкајте ги во пржена презла. Посипете ги со шеќер и ванила па послужете.

Спонзорирано: