11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен директорот на познатата автомобилска групација

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан мотор” објави дека внатрешната истрага покажала дека Карлос Госн, директорот на компанијата, покажал помал приход од вистинскиот и презел други незаконски дејства.

Како што објавија јапонските медиуми, Госн конечно беше уапсен.

Госн, кој е претседател на партнерството меѓу Нисан, Рено и Мицубиши моторс, беше уапсен под сомневање за кршење на финансискиот закон, објавија јапонските медиуми.

Поради ова, цената на акциите на партнерот на „Нисан“ и главeн акционер „Рено“, во кој Госн е претседател на управата и извршен директор, силно падна утринава. На берзата Еуронекст, само во текот на утрото, акциите ослабеа за повеќе од 12 проценти.

Спонзорирано: