13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кој е новиот мобилен број на екс-премиерот Груевски?

Еден од адвокатите на Никола Груевски, вечерва за Топ тема на ваша страна, Еленко Миланов, изјави дека Груевски го исконтактирал и му кажал на кој телефонски број може да го контактира.

Во доцните вечерни часови на 13 ноември, истиот ден кога Груевски се огласи на својот фејсбук профил дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, контактирал телефонски со Миланов, а потоа следела и комуникација преку СМС пораки, околу правни прашања.

„Се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешнотот судење, за можноста да му биде определан мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа. Јас му вратив со порака дека е направена повреда пред да му биде определена мерка притвор пред му биде одземен имунитетот. Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбедат“, кажа Миланов.

Спонзорирано: