9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Соопштението следи откако во бројни медиуми се појавија извештаи дека ФБИ донела заклучок дека саудискиот принц Мухамед бин Салман го наредил убиството на Кашоги, пренесе Ројтерс.

„Извештаите кои тврдат дека владата на САД донела конечен заклучок се неточни. Постојат бројни прашања без одговор за убиството на господинот Кашоги“ рекла портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

Таа истакнала дека Стејт департментот работи на пронаоѓање на фактите за убиството на Кашоги.

Спонзорирано: