13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Системски се решава проблемот со загадениот воздух

Нема поголемо расипништво од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, споменици и криминални тендери за лични богатења.

Наместо да го решава проблемот со загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше зеленилото, ја загрозуваше животната средина, а Скопје стана еден од најзагадените градови во Европа.

Доколку на проблемот со загадувањето ВМРО-ДПМНЕ му посветеше барем половина од вниманието што го посвети на криминалот и личното богатење, немаше Скопје со години да биде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.

За разлика од таквиот игнорантски и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, по промените, Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Градот Скопје и останатите надлежни институции, преку низа мерки започнаа да го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.

Со усвоениот План за чист воздух ќе се делува системки на краток, среден и долг рок, со цел веќе од следната година загадувањето да биде намалено двојно.

Започнува серија на стратешки мерки, за кои покрај редовните средства одвоени се и дополнителни, нови 1.5 милиони евра.

Со овој план 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучак за гас.

Ова се само дел од мерките преку кои ќе се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух.

Сите се свесни дека има уште многу предизвици, уште многу работи треба да се направат, но по цела деценија непреземање ништо, надлежните работат на системско решение и долгорочни ефекти. Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.

Спонзорирано: