13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зборот е збор: Брзата помош доби 12 нови амбулантни возила

Министерството за здравство вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП). Министерот Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари.

„При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“, истакна министерот Филипче и додаде со набавката на возилата се подобруваат условите и на пацинетите им се овозможува услугата која им е неопходна.

Тој рече дека одлуката за избор на најповолен понудувач ќе биде објавена в понеделник, а договорот ќе биде потпишан за 12 дена, согласно законот за јавни набавки.

Според препораките на Светска здравствена организација, на 50.000 жители треба да има по едно возило на Брза помош. Досега во Скопје се функционираше со само 6 возила. Со оваа јавна набавка, се обезбедуваат дополнителни 6 возила со што се зајакнуваат капацитетите на Брза помош за 100%, а воедно ги задоволуваме и стандардите на СЗО. Останатите 6 возила ќе бидат распределени низ целата држава во оние здравствени домови каде е најмногу потребно.

Министерството е во постапка и на донација на уште 3 амбулантни возила од Чешка кои ќе бидат дополнително распределени.

Спонзорирано: