7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

(Видео) САД: Запленети 18,5 тони кокаин вреден 500 милиони долари

Американските власти запленија 18,5 тони кокаин чија вредност е 500 милиони долари. Дрогата е запленета од 15 брода во источно-пацифичкиот регион, соопшти американската крајбрежна стража.

Во акцијата учествувале голме број чамци на Крајбрежната стража, а уапсени се 49 осомничени на кои ќе им се суди во Флорида.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведува дека кокаинот и понатаму е една од најкористените нелегални дроги во САД, каде се наоѓа и најголемата количина на кокаин во светот.

„Постојат загрижувачки податоци дека употребата и достапноста на кокаинот е во пораст во САД, првпат во последните 10 години“, се наведува во извештајот на Стејт департментот за глобалната трговија со дрога за 2017 година.

https://www.facebook.com/USCoastGuardSoutheast/videos/1976107992469754/?t=0

Спонзорирано: