15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Една жена загина на протест во Париз, 47 се повредени

Педесетгодишна жена загина на протестот во Париз организиран поради зголемување на цените на горивата.

„Жената загинала од удар од автомобил кога една мајка со дете се испаничила кога учесниците на протестот го опколиле нејзиното возило и почнале да удираат по него“, соопшти француската полиција.

Мајката се испаничила и со автомобилот тргнала кон толпата и ја усмртила жената.

Во протестот се повредени најмалку 47 луѓе, од кои тројца се во критична состојба. Приведени се 24 лица.

Ширум Франција денеска се одржуваат протести поради зголемување на цените на горивата, а учесниците носат жолти елеци и извикуваат: „Макрон е диктатор“.

Спонзорирано: