8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Црн викенд во Македонија: Прегазени двајца пешаци

Околу 20,50 часот вчера во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“, 35-годишниот Н П. од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци на кои им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.