4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка: Тројца загинаа – повредена амбасадорката на Турција

Двајца загинаа, а со повреди се здоби турската амбасадорка во Косово, Кивилчим Килич во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Приштина – Гњилане.

Во првичното соопштение на косовската полиција се наведува дека во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е на Турската амбасада и дека на местото на настанот починале две лица. Малку подоцна, медиумите објавија дека нешто по 19 часот починало уште едно од повредените лица, така што билансот на оваа несреќа е тројца загинати.