5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ќе има одговорност ако се докаже дека некој му помогнал на Груевски да избега

Правда ќе има, ќе има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски. Отворената истрага ќе ги лоцира одговорните кои на каков било начин му помогнале на криминалецот Груевски во неговото бегство и сите мора да бидат изнесени пред лицето на правдата, велат од СДСМ како реакција на обвинувањата од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Правда мора да има, заврши времето кога од партија се наредуваше кој да излезе или влезе во притвор, како што правеше ВМРО -ДПМНЕ. Денешното барање на судот да донесе одлука по налог на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во оваа партија ништо не се променило, тоа е истата матрица на криминалецот Никола Груевски. Времето кога од партија се наредуваше кој да се притвора, а кој да излезе од притвор заврши со заминвање на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, се вели во реакцијата.

Од партијата велат дека времето кога илјадници граѓани нелегално се прислушуваа и кога судиите од тефтерчето судеа по нарачка на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.

„Лицемерно е денеска антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски да зборуваат за срам после ревносата одбрана на криминалот на Никола Груевски, како нивен единствен и главен начин на делување. Лицемерно е денеска ВМРО-ДПМНЕ, патијата што го создаде системот на нарачки во судовите и неказнивост, првата партија во Европа чиј почесен претседател е правосилно осуден и е во бегство од правдата денес, да зборува за владеење на правото. Рефромата во безбедносните служби, денес обезбедува професионални и независни институции што работат во служба на законите и во интерес на граѓаните. Времето на злоупотреба на безбедносните служби за пресметка со политичките неистомисленици заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Антинартодното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: