20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Факт е дека „Фени“ работи

Измислените случаи од врвот на антинародното ВМРО-ДПМНЕ нема да ја сокријат спрегата Мицкоски-Груевски, факт е дека „Фени“ работи, реагира СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски дека фирмата „ЕДС“ на Анѓушев си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени“ да отиде во стечај.

„Лажните вести и измислените случаи на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прикријат спрегата помеѓу Никола Груевски и негиот пион Христијан Мицкоски. Наместо да измислува непостоечки случаи, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да објасни како Мицкоки од Владат на Груевски кадешто бил советник добил согласност за користење води и закуп на земјиште да гради хидроцентрали. Денешните лаги изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се веќе демантирани, а еден медиум којшто ги објави веќе се извини за изнесените невистини“, велат од СДСМ.

Како што соопшти споменатата компанија, додаваат од партијата, нема земено ниту еден денар од УЈП, по основ на каков било долг од „Фени“. „Истовремено, според компанијата, никогаш нема реализација на споменуваниот долг и не била никогаш ставена во редот на доверители во предстечајната постапка на „Фени“. Начинот на уредување на односите во процесот на стечај на „Фени“ и неговите доверители се дел од постапка кадешто вицепремиерот Анѓушев нема никакви ингеренции и истата се спроведува согласно Законот за стечај. Компанијата „Фени’ која поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ беше пред пропаст денес работи и функционира нормално. ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на лажни вести и одбрана на криминалот на Груевски во која се заглавени“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: