8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа привремено ќе му ја врати акредитацијата на новинарот на Си-ен-ен

Белата куќа соопшти дека привремено ќе му ја врати акредитацијата на новинарот на телевизиската мрежа Си-ен-ен, Џим Акоста, кому му беше одземено правото да ги следи настаните во Белата куќа.

Сојузниот суд во Вашингтон вчера ѝ наложи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да му ја врати акредитацијата на Акоста. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека во согласност со ослуката на Судот пропусницата на новинарот ќе му биде вратена, но само привремено,

„Исто така ќе утврдиме правила и процедури за во иднина прес-конеференциите да се одвиваат на уреден и урамнотежен начин“, рекла таа.

Администрацијата на Трамп минатата недела му ја одзеде пропусницата на новинарот по прес-конференцијата на која Акоста одби да го предаде микрофонот на приправничката во Белата куќа откако Трамп рече дека повеќе не сака да слушне ништо од него.