13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗМСТАС: Филипче вети решавање на проблемите на сестринството

По реакциите на Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“, во врска со прераспределбата на буџетот за 2019 година во која медицинските сестри не беа вклучени, се одржа средба со министерот за здравство, Венко Филипче.

„Бевме повикани на состанок во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче каде по краткиот разговор добивме ветување дека решението на нашата реакција ќе го добиеме уште во текот на наредната седница на Владата. Унијата ќе биде трпелива по ова прашање до наредната среда.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Во однос на останатите проблематики за „сестрите-концесионери“, измените во Законот за здравствена заштита, потребата од постоње на правен субјект – комора, непризнавањето на високите школи и изземањето од ноќните смени поради преоптовареноста на буџетите за кои Унијата тековно известува и реагира, министерството за здравство вети наредна средба на која сите барања ќе бидат поединечно дискутирани.

Спонзорирано: