10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Унгарската влада конечно се огласи во врска со Никола Груевски

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти, но не соопштува детали сè додека не заврши постапката за азил.

„Спротивно на претпоставките објавени во печатот, ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Никола Груевски да ја напушти Македонија. Во согласност со унгарските законски прописи и меѓународната пракса, сè додека постапката не заврши, унгарските власти не се во можност да обезбедат дополнителни информации во врска со постапката за азил. Сепак, потенцираме дека Никола Груевски е во Унгарија законски во согласност со законските одредби во врска со процедурите за азил“, соопшти кабинетот на унгарскиот премиер.

Од таму уште еднаш нагласија дека експремиерот Груевски го најавил барањето за азил во една од странските претставништва на Унгарија. Од безбедносни причини, поради тоа што Груевски десет години бил премиер, унгарските власти овозможиле поднесувањето на барањето и сослушувањето да бидат во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта место во прифатен центар. Канцеларијата за имиграција и азил, укажуваат од унгарската влада, го води процесот на азил во согласност со унгарскиот закон и во согласност со меѓународното право.

На ова соопштение на унгарската влада претходеше прес-конференцијата на македонската Влада, на која говореше премиерот Зоран Заев.

Спонзорирано: