5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на жртви од пожарите во Калифорнија, изчезнаа 300 луѓе

Најмалку 56 лица го загубија животот, а 300 се водат за исчезнати во големите пожари во северна Калифорнија.

Студеното време им помогна на пожарникарите, па огнот делумно е локализиран во еден дел од земјата и спречено е ширење кон населените подрачја.

По жртвите и евентуалните преживеани трагаат повеќе од 450 лица.

На другиот крај од Калифорнија, пожарникарите и понатаму се борат со пламенот што уништи повеќе од 500 куќи во Малибу и околните места. Пријавени се најмалку три жртви.

Според податоците, во северниот дел од Калифорнија уништени се околу 8.800 куќи.

Спонзорирано: