23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Му се стопил автомобилот додека спасувал луѓе од пожар, а потоа се јавила „Тојота“

Болничарот Алин Пирс речиси и сам ќе настрадал додека спасувал луѓе од пожар во градот Парадајс во Калифорнија.

Наместо да се евакуира, како и останатите луѓе во градот, тој упорно се враќал низ пламенот како би извлекол што повеќе луѓе од болницата која била зафатена од пожар. Неговата приказна ја пренел новниарот Џек Никас од Њујорк Тајмс.

– Ја имал таа несреќа да се најде среде пожар. Пламенот горел од сите страни, забележал како другите автомобили околу него се запалиле и мислел дека тој е следен. Дури и снимил проштална порака за своето семејство – пишува тој.

За среќа набрзо се појавил булдужер кој го расчистил патот, но Алин уште еднаш одлучил да се врати до болницата. Кога стигнал таму неговиот автомобил бил изгорен од сите страни, а светлата речиси се растопиле.

Но, Пирс не застанал, туку неуморно работел на тоа да спаси што повеќе повредени луѓе. Благодарение на Пирс и неговите колеги – сите луѓе преживеале.

Откако неговата приказна почнала да се шири на социјалните мрежи, се оглсила и „Тојота“.

– Горди сме на тоа што го ризикуваше животот и својата Тојота за да ги однесеш луѓето на сигурно. Не се грижи за својот автомобил, ќе бидеме почестени да ти подариме нов – му порачале од Тојота.

Спонзорирано: