13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски границата ја минал само со лична карта

Само лична карта му била потребна на Никола Груевски, за да влезе во Албанија, да помине низ Црна Гора и Србија, имајќи ги во предвид договорите кои Македонија ги има со овие земји за транзит на луѓе.

Македонските државјани веќе подолго време можат да се движат низ Албанија, Србија, Косово и Црна Гора само со лична карта.

Сепак обвинетите на кои им е одземен пасошот би можеле да ја искористат оваа “можност”, но само во другите држави, бидејќи тие што имаат одземен пасош не смеат, а и не можат со ниту една друга легитимација да ја напуштат Македонија преку легален премин.

Повеќе верзии се нижат на македонската медиумска сцена за патешествието на Никола Груевски.

Од досега најофицијалната страна се тврди дека Никола Груевски на 11 ноември влегол во Албанија и се упатил кон Унгарската амбасада, каде што побарал азил, а утредента преку граница заминал во Црна Гора, па потоа во Србија, од каде што со дипломатското возило бил пренесен во Унгарија.

Од друга страна постојат шпекулации дека Никола Груевски е во Македонија или Албанија и дека целата ситуација е блеф за да може конечно тој да избега.

Но, Унгарската држава веќе официјално соопшти дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта, некои медиуми веќе го објавија и хотелот каде бил сместен некогашниот најмоќен човек во Македонија.

Сепак до сега, нема ниту една фотографија на која се гледа Никола Груевски, па макар и во Унгарија.

Во целата оваа каша-попара и хаос од информации се вклучија српски медиуми кои исто така шпекулираат за бегството на Груевски, а со свој став се јави и Шешељ кој рече дека Груевски бил пренесен од Четници во Унгарија. Истовремено од Бугарија информираат дека Груевски нема бугарски пасош, откако проструија информации дека некогашниот премиер побегнал од Македонија со патна исправа на туѓа држава.

Спонзорирано: