5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев најави конзуларни услуги за македонските државјани во Малта

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој со владина делегација престојува во прва официјална посета на земјава.

Како што информираат од владината прес-служба, по церемонијата на пречек со високи државнички и воени почести, премиерите Заев и Мускат имле тет-а-тет средба, по што следувала пленарна сесија, на која делегациите на Македонија и Малта ја потврдиле досегашната одлична соработка и разговарале за идните проекти.

Заев на заедничка прес-конференција истакнал дека со колегата од Малта разговарале за започнување на непосредни конзуларни услуги за граѓаните на Република Македонија во Ла Валета и за зацврстување на билатералните дипломатско-политички односи.

„Во таа насока се договоривме да ги поттикнеме Стопанските комори во Република Македонија и Република Малта да воспостават комуникација и да ги препознаат можностите што се отвораат меѓу нашата земја како скорешен член на НАТО и на ЕУ, како земја со рекорден прилив на странски директни инвестиции во годината што изминува, со Малта како земја членка на Европската Унија“, информирал македонскиот премиер, кој додал дека во таа смисла од голема помош е и Протоколот за соработка за промоција на трговските потенцијали меѓу двете земји, што бил потпишан за време на неговата посета на Малта во мај годинава.

Заев ја подвлекол и посветеноста на Владата да испорача видливи и реални резултати во интензивирање на домашните реформи во судството, во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во реформите на безбедносните и разузнавачките служби и во реформирањето на јавната администрација.

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, во својот говор пред новинарите рекол дека неговата земја останува посветена на афирмирана политичка и техничка поддршка за напорите на Македонија за членка на Европската Унија, додавајќи дека Малта иако најмала земја членка на Европската Унија, има најголем развој на економски план.

Мускат на својот колега Заев му пренел дека со восхит ги следи завршните процеси, вклучувајќи ги уставните измени, и изразил уверување дека сето тоа ќе биде ценето и од корист за сите македонски граѓани и дијаспората која живее во Малта.

Истовремено, премиерот на Република Малта најавил очекувања за проширување на формите на соработка меѓу двете земји, и тоа во областа на здравството, трговијата и размена на инвестициите, информирајќи дека наскоро очекуваат посета од македонска бизнис-делегација.

Заев на состанокот на делегациите од двете земји бил придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров, за здравство Венко Филипче и Едмонд Адеми министер без ресор, задолжен за дијаспора.

Спонзорирано: