21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ до Костадинов: Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план на Груевски за да избега од Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира лагите и манипулациите искажани од портпаролот на единствениот политичар трипати аболициран за тежок криминал, Зоран Заев, стои во реакцијата на партијата за изјавата на Костадин Костадинов.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со којшто му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија. Аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон и терор, Оливер Спасовски ,завчера точно знаеја дека Никола Груевски не е во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Знаеја, но одлучија политички да ја злоупотребат полицијата и институциите, да запираат, легитимираат и претресуваат членови и активисти на партијата со намера да ги заплашат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека двајцата мора да си поднесат неотповикливи оставки поради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон. И тоа се покажа, притворањето на дел од овие лица е дефокусирање од неспособноста на Заев и министерот за прогон и терор, Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде што во своето соопштение додаваат дека нивното притворање е политичка казна, а не правна санкција кон луѓе кои редовно и ревносно ги исполнуваа обврските кон судот.

Спонзорирано: