9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈА

Се запали откако излета – страшна сообраќајка кај Виница

Дваесет и едногодишно момче од Виница е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат виничка крстосница-Виница.

Според информациите на МВР, автомобил „пежо 206“, со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (21) од Виница, излетал од коловозот по што се запалил. Пожарот бил изгаснат од територијалните противпожарни единица од Кочани и Виница.

По незгодата, возачот Д.С. бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница. Засега не се познати причните за несреќата.

Спонзорирано: