13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Продажбата на патнички возила во ЕУ бележи раст од 1,6 отсто

Побарувачката за патнички автомобили во Европската Унија во периодот од јануари до октомври оваа година пораснала 1,6 отсто, соопштува Европската асоцијација на автомобилски производители (АЦЕА).

АЦЕА вели дека бројот на нови патнички возила регистрирани во првите 10 месеци од 2018 година изнесувал 13 милиони.

„Ако ги анализираме петте најголеми пазари за автомобили, Шпанија (10,0 отсто) бележи најголем пораст, по што следуваат Франција (5,7 отсто) и Германија (1,4 отсто)“, велат од АЦЕА.

Во период од 10 месеци најмногу продажба во блокот од земјите членки на ЕУ бележи „Фолксваген груп“, чии главни брендови се „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“, „Сеат“ и „Порше“.

Продажбите на „Фолксваген Ггуп“ бележат пораст од 2,9 отсто, со 3,1 милиони продажби во првите 10 месеци.

Во 2017 година над 15 милиони патнички автомобили биле продадени во ЕУ, односно 3,4 проценти повеќе од претходната година.

Спонзорирано: