10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пишев демантира: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот А1он, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол „Ако треба и ќе убиеме за Македонија”, вели пратеникот Васил Пишев преку демант.

„Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага. Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија. И тоа и денес го мислам, дека тоа е свето право на секој Македонец. Потенцирам, дека да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца“, се вели во демантот на Васил Пишев.

Со ништо не сум заслужил, вели тој, моите чест и углед да бидат нарушени и тоа никогаш нема да го дозволам.

Centar.mk му се извинува на Пишев доколку веста била пренесена на нашите страници.

Спонзорирано: