11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН ќе ги повлече санкциите врз Еритреја

Дипломати во Обединетите нации изјавија дека очекуваат Советот за безбедност едногласно да изгласа повлекување на санкциите врз Еритреја.

Овој потег е предизвикан од затоплувањето на односите во регионот и клучниот мировен договор со Етиопија.

Санкциите беа воведени поради наводната поддршка што Еритреја им ја давала на исламските милитанти од Ал-Шабаб во Сомалија.

Предлог-резолуцијата предложена од Британија вели дека набљудувачите на ОН не успеале да ги потврдат нивните наводи.

Доколку се прифати, резолуцијата веднаш ќе ги укине ембаргото за оружје, замрзнувањето на одредени средства и забраната за патување на Еритреја.

Еритреја има стратешка позиција на Црвеното Море, кое ги поврзува Европа, Африка и Истокот, но економијата на земјата е прилично лоша поради санкциите.

Спонзорирано: