11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нaучно-истражувачки проект: зајакнување ѕидарија со конструктивно префугирање – стреп

Градежниот факултет и ИЗИИС од УКИМ Скопје и Адинг Ад Скопје ќе спроведат нaучно-истражувачки проект: зајакнување ѕидарија со конструктивно префугирање – стреп. Соработката е продолжување на низата долгогодишни меѓусебни проекти и претставува одличен пример за меѓусебната соработка на научните институции, факултети и научно-истражувачки институти и приватниот сектор во истражувачки активности.

Предмет на истражување во овој научно-истражувачки проект се ѕиданите конструкции, поточно проучување и експериментално испитување на еден од традиционалните методи за зајакнување на ѕиданите конструкции, методот на префугирање, со употреба на традиционални и современи материјали.

Станува збор за развојно применето истражување во временска рамка од 12 месеци. Истото ќе биде спроведено помеѓу научно-истражувачките тимови на Градежниот факултет во Скопје, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и АДИНГ компанија за хемиски производи за градежништвото. Активностите на овој проект коинцидираат со претстојните јубилеи во 2019 година, 70 години – Градежен факултет и 50 години – Адинг.

Спонзорирано: