13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што побарал и азил, не прецизирајќи во која држава се наоѓа амбасадата. Тој прецизира само дека тоа не е амбасадата во Македонија.

По дадената изјава, во амбасадата одлучиле, поради безбедносни причини, да нема сослушување во транзитната зона, туку во Будимпешта, но ова не била одлука на владата.

Гулијаш нагласи дека Унгарија нема никаква поврзаност со начинот на кој Груевски ја преминал македонската граница. Тој исто така посочи дека преминувањето на границата меѓу балканските држави е можно и без пасош, односно само со лична карта.

Спонзорирано: