10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј вели дека Британија е сè поблиску до брегзитот

Велика Британија е значително поблиску до склучување договор за брегзитот, вели Тереза Меј.

Премиерката ќе одржи средба со кабинетот, при што ќе се обиде да ги освои симпатиите и поддршката на своите колеги за нацрт-договорот за повлекување од Унијата.

Меј вели дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.

Џереми Корбин, пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор.

Лидерот на лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.

Но, Меј вели дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за брегзит и да го згазат гласот на народот.

Спонзорирано: