13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Како Романија ќе ги искористи можностите што ги има како земја претседавач со ЕУ?

Нема сомневање дека Романија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Европската Унија на 1 јануари следната година, велат дел од изворите на „Танјуг“ од Брисел и од Букурешт, иако претседателот Клаус Јоханис предупредува дека државата не е подготвена и дека владата затоа треба да се повлече, пишува „Танјуг“.

Романскиот претседател, Клаус Јоханис, пред неколку дена изјави дека Романија не е подготвена да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ на 1 јануари идната година, поради што ја повика Владата да поднесе оставка.

Јоханис рекол дека ситуацијата излегла од контрола и дека постои политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече несреќен случај на романската демократија, пренесе АП.

Романскиот министер за европски прашања, Виктор Негреску, задолжен за подготовки за преземање на претседателството со ЕУ од 1 јануари 2019 година, пред неколку дена си поднесе оставка.

Меѓутоа, прашањето е како Романија, соочена со критики за судските реформи, како и внатрешните политички конфликти, ќе ги искористи можностите што ги има како земја претседавач со Европскиот совет, велат познавачите.

Во овој момент ротирачкото претседателство е во рацето на Австрија, која претседава со ЕУ до 1 јанури. Австрија претседавањето со Европска Унија го презеде од Бугарија, која, пак, претседаваше со ЕУ од 1 јануари 2018 година, па сè до 1 јули.

Спонзорирано: