10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски во бегство е девалвиран човек, а во затвор ќе беше херој, вели Фрчкоски

Во вечерашното гостување на 1ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски со еден поинаков став во врска со бегството на Груевски од земјава.
-Никого не можете да убедите дека тоа не е договор. Проблемот е кога неказнивоста се шири како став, ова е трет премиер за кого не може да се реазлира казната. Главниот креатор на криминалот го нема, и целата процедура станува иронична. Начинот на правдање како избегал е втора грешка. Очигледно е дека кај МВР е грешката. Законска обврска е лице со одземен пасош да не му дозволите да ја напушти земјата. Оперативно МВР може да покрие лице ако процени дека има ризик. Они тука киксирале. Видете го речникот кој го употребуваат: кукавица, ги остави своите… Можеби за нив е подобро Груевски надвор, со призната вина и девалвиран, отколку Груевски како херој во затвор. Но, за нас тоа е катастрофа и очигледно они не ги сфаќаат последниците, вели Фрчковски.
Спонзорирано: