9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZТОП ВЕСТИ

Eлтон Џон во најочекуваната божикна реклама во светот

Божикната реклама на стоковната куќа „Џон Луис“ е најочекуваниот празничен спот секоја година, а многумина сметаат дека токму објавувањето на оваа реклама го означува почетокот на празниците.

Ѕвездата на годинешната реклама е Елтон Џон, а приказната проследена со неговиот хит „Your Song“ ретроспективно го следи неговиот живот сè до моментот кога како четиригодишно момче на божикното утро го добива на подарок пијаното од неговата баба.

Пејачот признал во британските медиуми дека снимањето реклама за него е многу емотивен процес и дека е голема чест да биде дел од неа.

Рекламите на стоковната куќа „Џон Луис“ веќе станаа дел од претпразничното расположение, не само во Велика Британија туку и во целиот свет. Големи пари се вложуваат во нивните кампањи, а во 2016 година, рекламата и целата кампања чинеа 61 милион куни.

https://www.facebook.com/JohnLewisandPartners/videos/2362573457104395/?t=0

Спонзорирано: