9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ, објавија британските медиуми. Тој порача дека совеста не му дозволува да го поддржи нацртот на тој договор, пренесе Би-би-си.

Британската премиерка, Меј, синоќа, по петчасовниот состанок на Владата, објави дека обезбедила поддршка за договорот за брегзит.

Раб го наследи Дејвид Дејвис, кој исто така се повлече од функцијата поради плановите на Тереза Меј за брегзит. Двајцата се дел од групата министри што не се согласуваат со договорот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претходно најави в недела вонреден самит, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.

Спонзорирано: