9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

48 луѓе го загубија животот во пожарите во Калифорнија

Бројот на загинати во пожарите во северниот дел на Калифорнија се зголеми, досега најмалку 48 лица го загубиле животот, а повеќе од 200 се водат за исчезнати, соопштија властите.

Тимови на спасувачките единици заедно со противпожарните бригади трагаат по исчезнатите, а нив на помош им се приклучија и 100 членови на Националната гарда.

Пред оваа трагедија, најсмртоносниот пожар во Калифорнија беше забележан во 1933 година во Грифит Парк во Лос Анџелес, во кој загинаа 29 лица.