12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Заменичката на советникот за национална безбедност ќе биде сменета поради судир со Меланија Трамп

Првата дама на САД, Меланија Трамп, побарала од Белата куќа да ја прекине соработката со заменичката на советникот за национална безбедност, Мира Рикардел, изјави портпаролката на канцеларијата на првата дама, Стефани Гришам.

Рикардел, родена како Радиеловиќ, по потекло од Хрватска, е именувана оваа година за заменичка на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

„Ставот на канцеларијатана на првата дама е дека Рикардел повеќе не ја заслужува честа да служи во Белата куќа“, рекла Гришам, пренесе „Ројтерс“.

Со ова Гришам одговорила на наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја смени Рикардел по нејзиниот судир со Меланија.

Спонзорирано: