3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазен 72-годишен пешак во Прилеп

На прилепската улицата Александар Македонски, на 13 ноември напладне, автомобил „рено клио“ со битолски регистарски таблички, управуван од 23-годишен прилепчанец, удрил во 72-годишен пешак, исто така од Прилеп.

Пешакот бил пренесен во Општата болница во градот, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.