13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мajмун грабна бебе во Индија и го остави на покрив од куќа

Во Индија, новороденче почина во понеделникот откако го грабна мајмун од рацете на неговата мајка.

Жена по име Неха го доела својот син Аруш, на возраст од 12 дена, кога мајмунот влегол во нејзината куќа во предградието на Агра, јавува Тајмс од Индија.

Таткото на детето Јогеш, возач на рикша, изјави за весникот дека трчал по мајмунот, кој на крај го оставил бебето на соседниот покрив. За жал, бебето веќе било мртво.

Кога мајмунот конечно го спуштил детето на покривот на куќата на соседите, тоа крварело и неговото срце престанало да чука. А во болницата му беше констатирана смрт.

Двојката се венча пред две години, а Аруш беше нивното единствено дете. Нивните соседи велат дека истиот мајмун нападнал 14-годишно девојче 15 минути порано.

Полицијата соопшти дека во истата област пред околу два месеци, мајмунот нападнал уште едно бебе кое преживеало, но сè уште е во болница.

Спонзорирано: