21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина првпат ги покажа новите проектили во борбените авиони „Ј-20“

Кинеските воздухопловни сили првпат ги прикажаа своите нови проектили што се наоѓаат во внатрешноста на борбениот авион „Ј-20“, невидлив за радарите, во време кога кај американските власти се зголемува загриженоста поради амбициите на Пекинг да наметне целосна контрола врз Јужното Кинеско Море.

Два авионa „Ј-20“ прелетаа во неделата над толпата гледачи собрани на авиомитингот во кинескиот град Џухај одржан по повод одбележувањето на 69-годишнината од формирањето на воздухопловните сили на Народноослободителната армија.

За време на летот два борбени авиона покажаа по четири проектили со голем дострел, сместени во трупот на овие авиони, при што уште две ракети се поставени во крилата на авионот.

Кинескиот весник „Глобал тајмс“ оцени дека ваквата демонстрација покажала супериорност на авионот„ Ј-20“ над американските борбени авиони „F-22“ и „F-35“.

Британски „Индипендент“ забележува дека прикажувањето на проектилите доаѓа во период кога американските официјални претставници ја повикаа Кина да ја сопре милитаризацијата на Јужното Кинеско Море.

Спонзорирано: