11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Чешка нема да го потпише договорот за мигрантите

Чешката влада денеска одлучи дека земјата останува надвор од договорот на ОН за меѓународен пристап до безбедна и уредна миграција.

Оваа одлука е донесена бидејќи чешкиот премиер Андреј Бабиш силно се противи на овој документ за кој рече дека претставува закана за безбедноста и суверенитетот на земјата, пренесе агенцијата АП.

Бабиш истакна дека документот, кој треба да биде формално усвоен на состанокот на 11 и 12 декември во Маракеш, е опасен иако не е обврзувачки бидејќи, всушност, ја дефинира миграцијата како основно човеково право.

Бабиш истакна дека договорот бил одбиен и од САД, Австрија и од Унгарија.

Вицепремиерот Рихард Брабец на прес-конференција рече дека Чешка долго време се залага за разграничување на легалната од нелегалната миграција, објави агенцијата „Ројтерс“.

„Тоа е суштината на предлогот на Чешка и други европски земји. Конечниот текст не ги одразува овие предлози“, рече Брабец.

Чешка претходно го отфрли планот на ЕУ во земјите членки да бидат сместени одреден број баратели на азил.

Покрај Чешка, Унгарија и Австрија, договорот го отфрли и Бугарија, во чија коалициска влада се наоѓа и антиимигранстски настроената Партијата на обединетите патриоти, а чиј парламент денеска ќе гласа по однос на ова прашање, пренесува британската агенција, додавајќи дека и Полска најави можно отфрлање на договорот.

Спонзорирано: